Канал 5 телевизија најбалансирано известува кога се во прашање политичките партии – ова го покажува анектата што ја направил агрегаторот на вести Тиме.мк, меѓу 20 истакнати новинари.

Според бројките од кои -2 е строго лево, -1 благо лево, 1 благо десно и 2 строго десно ориентирани, за Канал 5 од 12 новинари, тројца дале оценка 1 односно благо десно, додека 4ца дале оценка -1 или благо лево, а останатите се изјасниле дека телевизијата е неутрална.

Оваа анекта во која се оценувани сите телевизии и информативни портали, му помогнала на сопственикот на TIME.MK, да воводе нова алатака со која читателите, освен стандардната, може да одберат сина или црвена верзија, согласно нивните политички преференции и на таков начин да ги читаат вестите кои повеќе ги интересираат.

„ Имаме уште две други верзии за да се погледнат темите кои што ги обработуваат медиумите коишто да речеме повеќе пишуваат за едни теми да речеме што се покритички во однос на Владата, а други кои се посупротив. Мислам дека сега дури и оние теми кои во стандардната верзија биле поставени на втора или трета страна во овие другите верзии ќе се појават на насловната страна,така што мислам дека корисниците сега појасно ќе видат“, изјави Игор Трајковски, сопственик на TIME.MK .

TIME.MK, новинаната ја воведе по повод својот 12 ти роденден..Овој агретат, кој е генерално најчитан сајт во Македонија, расте од година во година. Во моментов пренесува објави од 140 сајтови, кои ги сметаат за релевантни и комптентни.

 

Извор: Канал 5

loading...