Исчитувам една работа, почитувани, за која ми се чини дека е многу важна. Зоран Заев, да не заборавиме, е многу јака индивидуална личност. Да, тој предводи колективитет како СДСМ, но сепак, се работи за многу јак индивидуалец. Што значи дека неговиот дух е победнички. Но не само Зоран, многу сличности гледам и кај Никола Димитров, Мила Царовска, Радмила Шеќеринска, Едмонд Адеми, Венко Филипче, Рената Десковска, Љупчо Николовски…

Овие луѓе се многу слични едни на други, и повторувам – нивниот менталитет е победнички. Притоа, работат многу напорно, фокусирани се на нивната стратегија, сите подеднакво се многу еластични – мислам дека еластичноста на еден карактер е вистински квалитет – и најважно: сите се фасцинирани од процесот во кој учествуваат и го создаваат.

Дури, исчитувам и нешто друго: сите овие луѓе многу повеќе се грижат за да победат, отколку да останат во самата власт. Исчитувам дека не ги интересираат пари, туку ги интересира да направат нешто добро од оваа земја.

Има уште еден интересен детаљ: многу повеќе се грижат да не изгубат, отколку да победат. Ги движи стравот на ист начин како што ги движи желбата за успех.

Тоа, почитувани пријатели, е карактеристика не на политичари, туку на победници. Без разлика дали се работи за спорт, наука или политика.

На овие избори СДСМ и коалицијата победува токму заради ова што го опишав погоре.

Да, да! СДСМ на овие избори победува убедливо.

 

Пишува: Ненад Јовановиќ 

loading...