Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, пред малку објави статус на ФБ по денешните објавени разговори на Јанушев и Јанакиевски.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално текстот на Љупчо Николовски, носител на пратеничка листа во ИЕ 3 од коалицијата предводена од СДСМ И БЕСА

“Јанушев вели “немало да помогне црна кампања против него”. Каква црна кампања? Сам си правиш кампања Јанушев!

Никој не ти ги измисли ниту аферите, ниту боксовите што “им ги даваш” на жени! Се си е тоа твое дело.

Кога политиката се практикува чесно, доблесно, за граѓаните, таа е благородна работа. Јас токму затоа влегов во политиката. Да ги променам работите! Зошто сликата која политиката ја има кај нас е сосема поинаква. Грда, арогантна, безобразна, опиена од власта и богатењето на сметка на народот.

Сликата на политиката кај нас е сликата на Игор Јанушев!

Не сте Богови, Јанушев! Не се граѓаните ваши играчки! Вие му служите на народот, не ви служи народот вам!

Засрамете се од сите ваши постапки, зборови, навреди, сета ваша омраза. Имате и чесни луѓе во вашата партија, дозволете им да дојдат до површината. Расчистете еднаш со оваа грозна оставштина на Груевски, зошто ова е тоа што тој го остави, ова раѓа Груевски како ментор, а Јанушев му беше еден од најпослушните ученици.

Како да не беа доволно штетата од 18 МИЛИОНИ ЕВРА за Панорамското тркало или 5-те МИЛИОНИ ЕВРА штета за двокатните автобуси во Скопје што ја направи. Или тоа што си ја вработи сета фамилија додека бележевме рекордна невработеност како држава во негово време.

Искрено, немаше ни потреба да ги видиме вистинското лице на опиениот од моќ и власт Јанушев. Граѓаните веќе добро ја знаеја разликата.

Берете памет драги пријатели, внимавајте кому му го доверувате гласот. За вашата иднина се работи.

Се што направивме за да одиме напред, го направивме за две и пол години со еден куп пречки и притисоци од ДПМНЕ. А тие? Тие гласаа против покачување на минималната плата!

Да е до Јанушев, истата пак ќе си биде 9.000 денари како во негово време, за да може сите да ги држи уценети, угнетени и како алатка за поткусурување пред избори.

СРАМОТА!”

loading...