По повеќе од 50 години од првиот лет на Конкорд, се подготвува нов суперсоничен комерцијален авион. Станува збор за прототип на компанијата „Бум суперсоник“ од Денвер, САД.

– Екс-ви-1 е првиот чекор во враќањето на суперсоничното патување во светот… Ќе обезбедиме суперсоничната иднина да биде безбедна, како и еколошки и економски одржлива, рече Блејк Скул – основач и извршен директор на компанијата.

Така, Екс-ви-1 прототипот на новиот суперсоничен комерцијален авион „Оверчр“, својот прв пробен лет ќе го има наредната 2021 година.

loading...