Повторените тестови на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, шефицата на неговиот кабинет, Деница Желева, и членовите на тимот на премиерот се негативни, јави „Бгнес“.

Сите вработени во администрацијата на Советот на министрите се тестираат бидејќи на почетокот на оваа недела двајца вработени во администрацијата беа заразени од Ковид-19.

Претходно, бугарските медиуми објавија дека Желева е позитивна на Ковид-19, а дека Борисов е во изолација.

loading...