Синоќа трпејчани и гостите се дружеа со познатиот Живко Поповски –Цветин , човекот кому максимата му е : „ На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“ Беше прикажан документарец за него во продукција на МТВ а Цветин ги црташе на лице место и ги подаруваше своите светски познати Цвеќиња на мирот.

На крајот од дружбата Цветин и и Милчо Јованоски, член на Здружението „За Трпејца со љубов“ пуштија балон во вид на срце со порака за мир, благососотојба и поздрав до сите здравствени работници во светот за досегашниот ангажман и желба Ковид пандемијата побрзо да ја снема.

Попоски досега има нацртано и подарено над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ кои се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари,поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија и тоа: Мајка Тереза, Кофи Анан, Бутрос Б. Гали, Горбачов, Буш, Џон Мејџор, Индира Ганди, Хелмут Кол, Л. Скалфаро, Вили Бранд, Жак Ширак, поети: Десанка Максимовиќ, Андреј Вознесенски, Фатос Арапи, Сретен Перовиќ, Јуре Каштелан, Ферид Мухиќ, Х.Х.Падрон,, Т. Ружевич, Генадиј Ајги, Тед Хјуз, Ежен Гилвик, Паоло Куељо, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Видое Подгорец, Матеја Матевски и др., музичари: Реј Чарлс, Би Би Кинг, Џони Логан, Здравко Чолиќ, Тереза Кесовија, Симон Трпчевски, Милка Ефтимова, актери: Ричард Гир, Клаудија Кардинале и многу други

Поповски има организирано над 300 изложби во земјата (во 150 основни и средни училишта, 30 детски градинки, домови за деца без родители, старски домови, факултети) и во странство, меѓу кои во Полска, Канада, Германија, Романија 1985 год., САД во 1986 год., Загреб (Хрватска) 1987, Белград (Србија) 1989, Њујорк во ООН 1990, во Сан Ремо (Италија) 1995, Австралија (Мелбурн, Сиднеј) 2019 и др.

Живко Поповски – Цветин е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година Поповски беше кандидат за Нобелова награда за мир, каде од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.

Неговите слики се наоѓаат на 14 доплатни марки издадени од Црвениот крст на Македонија, на разгледници, на 50 насловни страни на книги, календари, на 10 документарни филмови. Има издадено 3 книги со добиени факсимили по пат на размена со негови слики на Струшките вечери на поезијата и есеи за „Цвеќето на мирот“.

Во 2013 год., Поповски е добитник на Државната награда „Мајка Тереза“, како и многу признанија од Црвениот крст.

loading...