Роџер Федерер нема да се пензионира наредната година смета неговиот тренер Северин Лути. Наредната година Швајцарецот ќе наполни 39 години поради што се шпекулира дека тој би можел да се пензионира.

Сезоната која е привремено е суспендирана поради коронавирусот Федерер ја заврши поради операција на коленото.

„Роџер го сака животот на професионален спортист. Никогаш не сум слушнал да каже дека е уморен од патувањата и сака да ја заврши кариерата“, рекол Лути.

„Не можеме да бидеме сигурни, но тој и понатаму го сака тенисот. Не размислува да се пензионира наредната година“.

Роџер Федерер ќе се врати на терените наредната година, во која главни цели ќе му бидат Вимблдон и Олимписките игри во Токио

loading...