На ФБ се појави лажна страница на НЛБ Банка АД Скопје која со примамлив текст прави злупотреба со цел собирање на податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.

На сликата во продолжение е лажната објава.

Стапивме во контакт со вработени во банката кои за Револуционер.прес потврдија дека станува збор за измама, со цел собирање на податоци.

“Се работи за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на НЛБ Банка АД Скопје и се обидува да собере лични податоци од корисници. Банката го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи, а лажната страница веќе е пријавена до Facebook. Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет и да не верувате на секоја “акција” на Facebook која делува примамливо. Вашите лични податоци се заштитени со закон и истите не треба да ги споделувате преку социјални мрежи. Доколку се сомневате на злоупотреба, Ве молиме веднаш контактирајте не на телефон 02/15600. ” одговорија од НЛБ Банка АД Скопје.

loading...