Љубовта на фановите на Болоња кон својот тренер Синиша Михајловиќ е одамна позната, а сега тој добива уште една почест кога Градот реши да го прогласи српскиот тренер за почесен граѓанин.

Тој оваа сезона ја врати Болоња во горниот дел од табелата кога лани успеа да ѝ обезбеди опстанок и покрај тоа што повеќето од времето се бореше со леукемијата и беше на хемотерапија. Михајловиќ веќе е почесен граѓанин на Нови Сад.

„Да се стане почесен граѓанин на Болоња за мене е голема чест. Ова е вторпат да добивам ваква чест по Нови Сад, но за мене, човек што доаѓа од Србија, честа е уште поголема. Болоња има посебно место во Италија како универзитетски град и еден од најубавите градови во земјата. Се надевам дека ќе претставувам вистински пример за градот“, изјави Михајловиќ.

loading...