Велика Британија потпиша договор за набавка на 60 милиони дози од вакцината за ковид-19, произведени од компаниите „Санофи и „ГлаксоСмитКлајн“. Ова е чтврт таков аранжман на британската влада, објави Ројтерс.

Досега не беше одобрена ниту една вакцина за ковид-19, респираторна болест предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, кој усмрти повеќе од 659.000 луѓе и тешко ги погоди светските економии.

Финансиската точка на договорот не е објавена, а компаниите соопштија дека во случај клиничките резултати да бидат позитивни, очекуваат одобрение од регулаторното тело за нивната вакцина во првата половина на 2021 година.

Ова е прв договор на „Санофи“ и „ГСК“ за испорака на експерименталната вакцина за ковид-19 во некоја земја.

Британските министри наглсуваат дека е многу важно навремено да се обезбедат залихи од вакцини, во борбата против овој немилосреден вирус.

loading...