Денеска пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од Турција, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се’, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас“, вели министерот.