Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рано утринава повторно беше вратен во притвор, по само еден ден од одлука на Врховниот суд да биде пуштен во куќен притвор, почнал да штрајува со глад, пренесува „Нетпрес“.
Револтиран од одлуката на Кивичниот суд, Чавков, кој има проблеми со срцето, дури одбивал и да ја прима редовната лекарска терапија.
Неговото семејство во изјава за „Нетпрес“, вели дека е загрижено за неговата здравствена состојба и дека во изминатиот период се под постојани притисоци и закани, па поради тоа размислуваат и да побараат азил.