Високи официјални претставници на Северна и Јужна Кореја на преговорите во демилитаризираната зона Панмунџон одржани денеска, се договрија средбата меѓу лидерите на двете земји Ким Џонг-ун и Мун Џе-ин да се одржи на 27 април.
Според јужнокорејски извори, договорено е самитот да се оджри во Панмунџон.
На средбата меѓу Ким и Мун се очекува да се направи обид за надминување на затегнатоста околу ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.
Денешниот договор доаѓа по ненадејната посета на севернокорејскиот лидер на Пекинг, каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, со цел координација и зајакнување на позициите на двете земји пред планираните средби на Ким со јужнокорејскиот претседател Мун и со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во меѓувреме генералниот секретар на владиниот Кабинет, во Токио Јошихиде Суга соопшти дека јапонската Влада води дијалог со Северна Кореја преку различни канали, вклучително и преку Амбасадата во Пекинг,
Тој сепак не одговори на прашањето дали во моментов се разгледува можноста за одржување средба на врвот меѓу премиерот Шиндзо Абе и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Весникот „Асахи“ претходно јави дека таква средба може да се одржи во јуни годинава, веднаш по очекуваните состаноци на Ким Џонг-Ун со претседателите на Јужна Кореја и САД – Мун Џинг-ин и Доналд Трамп.
Според весникот, можноста за средба на врвот Јапонија-Северна Кореја била разгледана на неодамнешниот состанок во Пјонгјанг на раководството на Корејската работничка партија.
The post Средбата на лидерите на двете Кореи договорена за 27 април appeared first on PLUS INFO.