Форумот на жени на СДСМ го организира традиционалниот Марш во чест на 8 март, утре, 4 март, во Куманово со почеток во 12 часот.
На маршот ќе се обрати и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Покрај претседателот на СДСМ, свои обраќања на Маршот ќе имаат и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски и коррдинаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.
Почетокот на Маршот е пред затворениот базен во Куманово, преку Октомвриска улица се до Центарот на Куманово.
Маршот се организира веќе шест години по ред досега, годинава ќе биде под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!’