Едукативен семинар на тема „Практична примена на GS1 DataMatrix-от, клуч за серијализацијата во фармацевтската индустрија и софтверски и хардверски решенија за нивна успешна примена во здравството”, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на GS1 Македонија.
Најавено е дека семинарот ќе го отвори директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Роберт Бекироски.
Целта е подетално информирање за GS1 DataMatrix-от, 2D (дводимензионалниот бар код) од новата генерација баркодови, чија примена станува задолжителна и неопходна за серијализацијата на фармацевтските производи согласно барањата и регулативите од Европската унија во однос на означувањата на медицинските производи.
Воведување на неговата примена е со цел спречување фалсификати (производство или превенција на влез на фалсификувани медицински продукти во легалниот систем на снабдување), овозможување следливост долж целиот синџир на снабдување, зголемена безбедност на лековите и пациентите, изградба на систем за проверка на автентификација на лековите и нивно означување со GS1 DataMatrix.
Крајниот рок е 9 февруари 2019 година, кога секоја земја во ЕУ ќе мора да има воспоставено систем за верификација на лековите, што подразбира користење на 2D (дводимензионалниот бар код) и од страна на регулаторните тела во здравството, основање на Македонска организација за верификација на медицинските производи.