Огранокот на Ал Каеда во Мали презеде одговорност за нападот во главниот град на соседна Буркина Фасо, во кој вчера беа убиени најмалку 28 луѓе, а над десетина беа повредени.

Нападите на групата Џама Нусрат ул Ислам ел Муслимин се изведени во Угадугу врз главниот штаб на војската и на француската амбасада.

Нападите се одговор на убиството на еден од лидерите на групата, Мохамед Хакен ел Анкари, во неодамнешните рации на француските сили врз екстремистите.