Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица вечерва ќе биде отворена спомен соба на поетот и новинар Иван Василевски, а по тој повод ќе биде промовирана и стихозборката „Скршнувањe“-стихови кои досега не се објавени од поетот.
Промотор е Ана Рингачева Витанова, а стихови ќе читаат поети и пријатели на поетот.
Спомен собата се отвора на иницијатива на Здружението за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ во соработка со Центарот за култура, а собата ќе биде и седиште на здружението.
Иван Василевски почина пред три години. Зад себе има богат и разновиден опус,а пред пензионирањето работеше во МИА.
Добитник е на наградата „Григор Прличев“ на „Просветно Дело“ за 2013 година за необјавена поема „Азбукословецот“, а добитник е и на наградата за животно дело на општина Струмица во истата година.