Музејот на легендарната Есма Реџепова, лоциран на Кале целосно бил ограбен и во него нема ништо. Кражбата се случила во периодот по нејзината смрт но никој, до денеска не влегол внатре, иако Есма Реџепова, во тестамент, пред својата смрт и го остави на државата.
Сведок дознава дека Министерството за култура побарало стручни екипи од Музејот, од Кинотеката и другите институции да направат попис и проценка на сите работи кои биле во куќата на Есма Реџепова, како што се аудио материјалите, наградите од патувањата и друга вредна архивска граѓа која понатаму би се изложувала, чувала или репродуцирала.
Но, Комисиите наишле на заклучена врата а никој не знаел каде е клучот, вклучувајќи и претставници на Фондацијата кои беа околу Есма Реџепова и чие седиште било регистрирано на Кале.
Била повикана асистенција од полиција, ја отвориле вратата, но внатре се било украдено и однесено. Ѕидовите биле празни, а останале само неколку плакати и постери.
Сведок дознава дека постојат сомневања дека била однесена и урната со пепелта на Стево Теодосиевски, сопругот на Есма, кој бил кремиран и урната се чувала во куќата. На тоа место останал само крстот.
Сведок побара официјална потврда од МВР за грабежот во куќата на Есма и стево Теодосиевски на Кале, а по проверките, собивме и официјална потврда.
-Денеска, на 30.03.2018 година пријавено е дека во периодот од 12.12.2016 до 30.03.2018 година од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба во музејот на Есма Реџепова лоциран на улицата „Самоилова“ при што се преземени мерки за утврдување на одземените предмети и пронаоѓање на сторителот – соопшти МВР за Сведок.
Прочитајте повеќе тука.