Добрите односи меѓу Русија и Турција се во корист за Босна и Херцеговина и ќе имаат поволно влијание врз Балканот, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
– Дијалогот на Анкара и Москва е во полза за земјите во регионот, вклучително и за државите од Западен Балкан. Нашите позитивни односи имаат поволно влијание врз регионот, наведе Јилдирим за време на посетата во Сараево.
Турскиот премиер призна дека има несогласувања меѓу Анкара и Вашингтон во однос на прашањето за Сирија, забележувајќи дека дијалогот со Москва на никаков начин не влијае врз тоа.
– Вашингтон во Сирија соработува со групи, кои Анкара ги оценува како терористички. Турција постојано им го напомена тоа на САД, нагласи Јилдирим.