Радивоје Јовановиќ денеска е убиен а Милош Шаковиќ е ранет во денешната вооружена пресметка на плоштадот на независноста во центарот на Подгорица. Во нив пукал засега непознат маскиран маж.
Центарот на Подгорица е блокиран, а црногорската полиција изврши увид.
Лицето кое пукало е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.
Црногорските медиуми јавија дека веројатно станува збор за пресметка меѓу мафијашки кланови.