Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе биде присутен на Светското првенство што годинава ќе се игра во Русија, но не како тренер туку како соработник на телевизијата „Раша тудеј“.
Португалскиот фудбалски стручњак потпиша едно месечен договор со телевизијата според кој ќе дава стручни анализи и коментари во специјални емисии поврзани со Мундијалот.
– Многу сум среќен што можам ќе работам за РТ. Со нетрпение чекам да одам во Русија ова лето и да го споделам моето мислење за фудбалските натпревари, изјави Мурињо, кој исто така ќе има колега во своите анализи.
Тоа ќе биде поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, кој од порано е во тимот на „Раша тудеј“.