Агенцијата за млади и спорт вети и доби задача од владата, и од јавноста да го истражи целосно случајот, да ја лоцира одговорноста, да спречи повторување на грешката и да ја информира јавноста за сите новости.
АМС посветено го расветлува случајот и сакаме да ви презентираме неколку важни факти, наоди и веќе утврдена одговорност.
Утврдивме дека постоело несовесно нестручно несоодветно и непрофесионално работење кај неколку чинители кои имале активна улога околу конкурсот за издавањето на публикацијата на млади поети.
Таквото несовесно и непрофесионално работење на идентификуваните чинители предизвикало, односно довело до објавување содржина која што содржи елементи на родово и етничка дискриминација на што Агеницјата за млади и спорт жестоко се противи.
Со решението од 18.12.2017 година Комисијата имала обврска да изврши селекција на пристигнатите творби и да постапи совесно, стручно и непристрасно, како и согласно позитивните законски прописи на РМ. Одговорноста за направениот избор и за содржината на збирката „Млади поети“ ја носат нејзините членови.
Агенцијата за млади и спорт ќе поведе постапка и ќе формира Комисија за утврдување одговорност на ангажираните членови на стручната комисија, и притоа ќе бара од комисијата да ја надомести штетата во целост.
Постојат и видни прекршувања на законските одредби од Законот за издавачка дејност.
Како Директор не сум дал никаква писмена или усмена согласност да бидам уредник а притоа АМС не може да биде ИЗДАВАЧ на збирката поезија “Млади Поети”, а овластеното лице на АМС не може да биде УРЕДНИК на истата, имајќи ги во предвид предвидените законски услови кои ги пропишува Законот за Издавачка Дејност !
Благодариме на Арс Ламина кои со своето соопштение за јавноста ја известија истата дека Агенцијата за млади и спорт не требала да биде наведена како издавач ниту пак Дарко Каевски за уредник на истата.
Заради несовесно извршување на своите работни обврски , како и можноста да се превенира сето ова да не се случи, а притоа се направени пропусти во комуникацијата со останатите чинители АМС донесе одлука за формирање на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија на Раководителот на Сектор Млади.