Победникот на Евросонг од пред четири години, познат како Кончита Вурст е заразен со ХИВ вирусот и тоа го објави на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека тоа мораше да и го соопшти на јавноста, поради заканите од неговото поранешно момче.
– Имам ХИВ неколку години. Тоа е ирелевантно за јавноста, но поранешното момче ми се заканува дека ќе го објави тој податок, а јас никогаш нема да дозволам некој да ме плаши или да влијае на мојот живот поради тоа, стои во објавата на Вурст.
Додава дека се лекува откако дознал за дијагнозата и дека редовно врши контроли, така што нема опасност да зарази некого.
– Се надевам дека и други ќе се охрабрат и дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматизацијата на луѓето кои било поради своето или однесувањето на другите, се заразиле со ХИВ, додава пејачот роден како Том Нувирт.
Вурст победи на Евросонг 2014, како претставник на Австрија.