Скопска Апелација ја прифати жалбата на СЈО и одлучи и Сашо Мијалков како поранешен шеф на ДБК да одговара во предметот Тортура, каде со уште шестмина Алфи се обвинети за нечовечко и сурово однесување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Оваа одлука доаѓа по жалбата на СЈО, откако кривичниот суд го иззема Мијалков од кривично гонење.
Во оваа постапка, првично од СЈО првообвинет беше Мијалков, но Кривичниот судот одлучи да им се суди само на шестемината од единицата „Алфа меѓу кои е и нивниот шеф Ивица Анчевски-Пуки.
Судскиот процес треба да почне на 23 март, а единствен оштетен е Бошкоски кој беше уапсен ден по парламентарните избори во 2011 година.