Полицаец од Скопје доби притвор од 30 дена откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Според информациите на МВР, на 19. овој месец, при претрес на домот на Ј.Ј.(40) од Скопје, пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис. По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано било присуство на метаболит на хероин во организмот.
Одделот за внатрешна контрола поведе и дисциплинска постапка и Ј.Ј. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.