Вечерва Сообраќајна полиција на СВР Скопје спроведе акција за спречување на трките со автомобили кои што скоро секоја вечер се организираат на улицата Иво Лола Рибар (пред Веро).
Во изминатите неколку години жителите на населбата Тафталиџе во Карпош реагираа до надлежните органи да преземат соодветни дејства и да се спречат трките поради тоа што неможат навечер да спијаат поради големата бучава а и имале страв да се движат и по тротоари поради “дивеењето” на дивите тркачи.
Според наши информации приведени се 15 возила кои што биле затекнати на тој потег, односно да учествуваат во вечерашната трка.
Жителите на Карпош во медиумите а и по социјалните мрежи пишуваа дека трките некогаш почнуваа околу 21 часот и траеле до после полноќ, а сега тајмингот е поместен за малку подоцна. Поради можните контроли трките почнуваат на полноќ и траат до пет часот наутро. “Најпрометно” е за викендите. Се собираат дури и по триесетина автомобили и мотори, специјално направени за ваков вид забава. Се местат на едната лента од улицата и така, по двајца, со огромна брзина се тркаат се до крајот на сообраќајницата. Дивите тркачи, според нашите информации, пред трките се собират зад “Веро” во Тафталиџе. Таму се прават прелиминарни договори, на пример, кој со кого и за колку пари ќе се “натпреварува”. Потоа се оди на договореното место.
Според наши сознанија Сообраќајната полиција и во наредниот период ќе продолжи со контроли со цел спречување на дивите трки и поголема безбедност во сообраќајот како на возачите така и на пешаците.
Изминатите два дена Сообраќајната полиција е активна и во спроведување на акција за санкционирање на возоачи под дејство на алкохол и други сообраќајни прекршоци.
Виктор Азманоски