Од денеска граѓаните на Република Македонија добија нова, модерна и безбедна автопатска делница, прва од овој тип на Балканот.
Овој автопат е од граѓаните и за граѓаните на Европска Македонија.
Овој автопат од Демир Капија до Смковица кој е во должина од 28 километри, технички беше најтешката делница за изградба од патниот Коридор 10 во Македонија, која поминува низ Демиркаписката клисура и тешко достапниот планиски терен по неа. Aвтопатско решение претставува најсовремен тип на градба која е изградена по сите светски и европски стандарди.
Автопатот располага со по три сообраќајни ленти од двете страни, два тунели со должина над 1 километар и истите претставуваат најдолги патни тунели во Република Македонија.
Од Контролниот центар во Неготино се врши 24 – часовен мониторинг за целиот сообраќај што се одвива во тунелите.
Овој контролен центар претставува најсовремено решение за управување со кризни ситуации од каде се обезбедува управување на сообраќајот во тунелите во реално време.
Составен дел од овој автопат се и шест мостови, од кои пет мостови се градени со конзолен тип на градба, што исто така претставува новина во градежништвото во Македонија.
Овој автопат е проектитран и изграден согласно нормите и стандардите на Европската Унија за заштита на животната средина, што дополнително влијае на намалување на емисијата на штетни гасови.
Истиот ги содржи сите потребни каректеристики за безбедност што ни дава сигурност дека сообраќајот по оваа делница ќе се одвива побезбедно за сите учесници.
Вредноста за изградба на автопатот изнесува околу 218 милиони евра за изградба и 10 милиони евра за надзор. Средствата се обезбедени преку грант од Европската Унија во висина од 70 милиони евра и заеми од Европската банка за обнова и развој и Европската Инвестицониона Банка.
Да е со среќа новата автопатска делница.