Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски на својата фан страна на Фејсбук му одговори на поранешниот премиер, Никола Груевски на обвинувањата за таканареченото економско цунами кое било присутно и во градбата на инфраструктурата и капиталните проекти со доаѓањето на власт на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Во продолжение одговорот на Сугарески до пратеникот Груевски:
Личните фрустрации, оној пратеникот Груевски нека ги споделува меѓу своите партијци кои цела деценија ги држеше во клинч, уценување и неизвесност. За своите несупеси и криминални дејства треба да зборува во Судот каде и му е местото, а не по социјалните мрежи да се правда како градел. Ако градел како што треба, до сега ќе беа изградени и автопатиштата и експресните патишта и се она што тој се фали.
Но, пратениче Груевски, Вие ја вративте Македонија години наназад. Сите влади што претходно ја градеа ова наша држава, вие ја заробивте и се однесувавте како да е лично ваша.
Ова не е одговор од мене за вас, ова е одговор од граѓаните на оваа држава од кои ги зeмавте нивните пари и наместо да градевте, вие се однесувавте како да се ваша лична сопственост.
Пратениче Груевски, нема повеќе скриени тендери како што правевте вие, нема повеќе договори и провизии во четири очи. Тоа да ви биде јасно. Тоа што Вие го практикувавте, сега е веќе минато.
Да бевте искрен спрема народот, ќе му кажевте дека автопатот Кичево –Охрид е тотално утка и срам за градежништвото. “Недај Боже” како што велиме ние во Прилеп да бидеш изведувач на тој проект па да ти се смее цела градежна фела какви утки се правени а вие сте знаеле и сте дозволиле да се гради. Дополнително да излезете и да му кажете зошто сега граѓаните ќе треба да враќаат нови стотитини милиони евра за да се покријат вашите утки.
Да бевте искрен ќе излезете и ќе им кажете како е можно на среде автопатот Миладиновци-Штип да има бандери на ЕВН.
Зборувате за експресните патишта, се сеќавате дека изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани минува среде асфалтна база на приватен инвеститор. Патот минува низ археолошки локалитет и низ многу приватни имоти кои се уште не им се решени имотните прашања.
И да, зборувате за експресниот пат од Градско до Прилеп. Започнавте да ја градите првата фаза од Фаришката до Дреновската клисура. Ама само започнавте за да се сликате и веднаш престанавте. Ако сте искрен пред нашите граѓани, кои тие од свој џеб ги плаќаат изградбите на патиштата, ќе им кажавте дека и овој проект бил тотална утка уште на самиот почеток.
И наместо сега изградбата да тече како што треба, мора да се врши ново проектирање оти цела планина ќе ви падне врз патот.
И за крај пратаниче Груевски, вие ќе влезете во “легендите” за тоа како душмански се плачкосуваше сопствениот народ и држава.
Сега пратниче Груевски, Македонија оди само напред и никој нема да ја запре на тој правец.
А ти пратениче Груевски си завршена приказна!