Тимот на ПСЖ го загуби и вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите од Реал Мадрид.

Со головите на Кристијано Роналдо и Касемиро, Реал Мадрид го совлада ПСЖ. Единствениот гол за ПСЖ го постигна Едисон Кавани.

Со вкупен резултат 5:2, Реал Мадрид обезбеди пласман во четвртфиналето.

Во вториот вечерашен натпревар Ливерпул и Порто одиграа 0:0, со што англискиот тим избори пласман во четвртфиналето, по победата во првиот натпревар со резултат од 5:0.

Утре се играат два нови натпревари од осминафиналето. Манчестер Сити го пречекува Базел со предност од 4:0 од гостувањето, додека Тотенхем е домаќин на Јувентус. Првиот натпревар од тој дуел заврши со резултат 2:2.