СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

РАБОТИ НА ПАТ:

Ве известуваме дека ќе се отпочне со изведување градежни активности и електромонтажни работи на дел од Автопат А1, делница Катланово – Велес, почнувајќи од 06.03.2018 до 05.04.2018.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 има градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

ГП ИЛИНДЕН – Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – Населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Известување за времена измена на режим на сообраќај. На магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан започнува измената на возниот режим за сообраќај на 08.12.2017 од 14ч. а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 20.10.2017 год. започнаа градежни активности за реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2, делница Сарај – Групчин. За таа потреба е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Возачите ги предупредуваме да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација на споменатата делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потег, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од среда 20.09.2017 се воведува времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово , сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт Трејд – ДООЕЛ, известува дека во Неготино временото решение е изменето и возилата ќе се исклучуваат од магистралниот пат на регионалниот пат (Р – 1102) кај клучката Тремник, каде до Демир Капија ќе се вози по регионалниот пат.

Друштвото „Асфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес-Скопје во близина на наплатната станица Отовица, и на делницата Скопје- Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина на местата на кои се изведуваат работи на пат,како и да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација.

Друштвото ‘’Бетон АД Скопје’’ известува дека од 26.10.2017 година, започнати се градежни активности за Рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

ГД Гранит од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз).
Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.
Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува низ градот Битола.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.