Жените обожавале подароци – смо уште еден мит! Да, нема човек кој не се радува на пријатно изненадување од својот партнер, но тоа не е ништо во споредба со секојдневното демонстрирање на љубов и почит.

Новата студија на британските научници покажала дека обидите на повеќето мажи да го придобијат срцето на една жена се сведува на подароци, цвеќиња и вечери. За жените, сепак тоа е многу тривијално и дури малку преиграно. 51% од жените изјавиле дека сакаат да слушнат искрени комплименти од машката половина, отколку да им се додворуваат со подароци.

40% од анкетираните жени признале дека ласкањето им го крева расположението и им го разведрува ужасниот ден.

Повеќето потомки на Ева откриваат дека најголемиот подарок за нив е милиот збор од нивниот љубен и неговото “Те сакам”!. Така е, господа, ниту еден дијамант не може да чини колку вашата посветеност и фер збор!