Реализацијата на активности за осовременување на граничните премини придонесуваат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите, објави предмалку Директорот на Царинска управа, Горан Сугарески.

Царинската управа има директна улога во зголемувањето на економскиот раст на земјата и создавање на поповолна деловна клима.

Модернизацијата и стандардизацијата на граничните премини се дел од активностите кои ги преземаме во насока на намалување на корупцијата, што е наш приоритет и точка високо ставена на приоритетната листа на Владата.

Во тек е Проект од Светска Банка за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, во чии рамки за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир одобрени се 4.170.000 УСД.

Планирана е реконструкција на управната зграда на патниот премин и на пристапниот пат до терминалот за тешки возила заради негово непречено користење во зимски услови, како и изградба на нова пречистителна станица и поставување на нова колска вага.

Во насока на ОТКРИВАЊЕ и КАЗНУВАЊЕ на корупцијата, континуирано собираме и информации од учесниците во царинските потапки со давање на гаранција на анонимност, преку:

– отворената бесплатна царинска линија 197,

– ON LINE или електронската пријава поставена на нашата веб страница,

– по писмен пат или непосредно.

Три години по ред ја спроведуваме и промотивна кампања „Стоп за корупцијата“ која има за цел подигнување на јавната свест за пријавување на случаи на корупција, судир на интереси и злоупотреба на службените овластувања на царинските службеници. Како резултат на ова, зголемен е бројот на примени поднесоци во 2020 година, споредбено со 2017, 2018 и 2019 година.