Воспитувачките, негувателките, педагозите и психолозите во детските градинки од Аеродром денеска ја примија првата доза од вакцината против КОВИД-19 што се спроведува во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, изрази огромно задоволство од масовниот одѕив за вакцинација на вработените во градинките од Општина Аеродром.
„Децата во градинките во наредниот период ќе бидат позаштитени од коронавирусот. Упатувам благодарност до воспитувачките и негувателките за нивната одговорност во зачувувањето на своето здравје, здравјето на најмалите и на нивните семејства“, порача градоначалникот Марин.