Тоа ќе се направи со измена на Законот за здравствена заштита, која утре ќе биде поднесена до Владата

Минатата недела само приватната болница „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10 отсто, додека од „Систина“ рекоа дека не им е исплатливо

Главниот координативен кризен штаб утре до Владата ќе поднесе измени на Законот за здравствена заштита со кои на приватните болници ќе им се ограничи висината на цените за лекување на пациенти со ковид во време на кризна, односно вонредна состојба.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ваквата одлука е донесена по апелите од граѓаните во однос на цените што се наплаќаат во приватните болници, а се движат по неколку илјади евра.

Минатата недела само приватната болница „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10 отсто по средбата со министерот Филипче и реакциите во јавноста.

Од „Систина“, како што рече, веднаш кажале дека нема да ги намалат цените затоа што им е економски неисплатливо.