Деновиве Велика Британија, но и луѓето ширум светот се збогуваат од принцот Филип, кој почина на 9 април на 99-годишна возраст. Преку социјалните мрежи многумина му оддаваат последна почит, а од него се простија и неговите деца…

Откако на нивниот татко, принцот Филип, му оддадоа последна почит принцезата Ана, принцот Едвард, принцот Чарлс, се огласи и принцот Ендру.

epa-efe

 

61-годишниот Ендру го нарече својот покоен татко „дедо на нацијата“ и откри дека кралицата изјавила дека загубата на нејзиниот сопруг „оставила голема празнина во нејзиниот живот“.

Кралицата е неверојатно храбра, но смртта на војводата од Единбург донесе тага во замокот Виндзор. Сега семејството е заедно и се поддржуваме во овие тешки моменти“, рекол принцот Ендру, пренесува „Daily Mail“.

Принцот Ендру додаде и дека ќе го памети својот татко како смирена личност и некој од кого секогаш можел да побара совет.

Тој беше исклучителен човек, беше сакан и како татко и како сопруг, едноставно беше дедо на целата нација“, рече принцот, за кого ова беше негово прво појавување во јавноста по минатогодишниот скандал поради кој се повлече од кралските должности.

Погребот на принцот Филип ќе се одржи во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор следната сабота во 15 часот. На церемонијата ќе ѝ претходи едноминутно молчење во чест на војводата од Единбург.