Бидејќи за два дена му истекува 30-дневниот притвор на бизнисменот Орце Камчев, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарало продолжување на притворот за нови 30 дена.

 

Обвинителката Лиле Стефанова предлогот за продолжување на притворот поднела во петокот.

Камчев заврши во притвор на 14 март откако Агенцијата за национална безбедност (АНБ) достави белешка до Обвинителството дека се подготвува за бегство. Тој е еден од осомничените во истрагата „Плацевите на Водно“.

Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски, пак денеска оддржа прес конференција на која истакна дека неговиот клиент незаконски бил ставен во притвор, поради што ќе поднесе преставка против судијата на претходна постапка бидејќи ја донел одлуката за притвор без на одбраната да и презентира докази за тоа.