До редакцијата на revolucioner.press пристигнаа документи од кои јасно се гледа дека е правена лицитација на државно земјиште која што државата и министерството за транспорт и врски, исто така и Општина Долнени ја немаат спроведено, што може да се види и по наводните објави во споменатите печатени медиуми, кои се во документите подолу.
Имено, Горан Танев, вработен во Министерството за транспорт и врски објавувал непостоечка и никогаш неодржана лицитација со фалсификуван потпис на поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, на кого му го приложивме документите и децидно одговори дека потписот на документите не е негов.
“Потписот се гледа од авион дека не е мој, додека јас бев министер ваква лицитација на државно земјиште нит е објавена, нит е спроведена, станува збор за злоупотреба. Имаше една ваква ситуација кај општина Долнени пред една година и истата е пријавена во полиција. Од јуни 2017 година ниедна лицитација немало во министерство за транспорт и врски “, одговори поранешниот министер Горан Сугарески.
Исто така покрај фалсификуваната лицитација, на буџетска сметка се уплаќале парични средства. На уплатниците во цел на дознака стојат одредени градежни парцели. До денес парите од уплатите за дадените градежни парцели стојат на сметка на Буџет на РСМ.
Според информациите до кои успеавме да дојдеме извесен Џелаин од долненска општина заедно со Горан Танев од Скопје, вработен во Министерството за транспорт и врски и член на комисијата за спроведување на електронска лицитација ги поттикнувале и организирале непостоечките лицитации за продажба на државно земјиште. Од уплатниците приложени во продолжение на текстот, во делот од уплатниците наменет за иплатувачи се гледаат различни имиња, а се претпоставува дека, уплатите се извршувани во корист на гореспоменатиот.
Останува нејасно колку лицитации со фалсификувани потписи на министри во ресорното министерство се реализирани во изминатите години.
Вработениот Горан Танев, кој што ја злоупотребил службената должност и го фалсификувал потписот на поранешниот министер Горан Сугарески е член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во претходниот период Танев исто така бил фатен на дело и при кражба на службен лап топ од од канцеларија на министерството.