Директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во врска со џипот од 74 илјади евра на Драги Рашковски, рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку секретарот на премиерскиот кабинет прикажал нереален анкетен лист.
„Доколку утврдиме ние разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните приходи што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш нели се вклучуваат и други институции како што е финансиска полиција., Они имаат посебни методи за истражување и тоа ќе си го докажуваат“, рече првиот човек на Антикорупциска на денешната прес-конференција.