Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, три прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и пет санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.