Информацијата која најмногу ја заинтригира јавноста…
Принцот Хари вчера стигна во Лондон, каде ќе помине неколку дена со семејството и ќе присуствува на погребот на принцот Филип, кој би требало да се одржи во сабота на 17 април.
Јавноста најмногу се интересираше за тоа дали со Хари во Британија ќе пристигне и неговата сопруга Меган Маркл, но тоа барем засега не се случи.
Како причина за отсуството двојката ја наведе поодминатата бременост на поранешната актерка, но сега испливаа малку поинакви информации.
Имено, пријателите на Меган Маркл за „Дејли мејл“ открија дека поранешната војвотка не сакала да оди на погребот, бидејќи е сигурна дека таа би била во центарот на вниманието, што никако не сака.
Исто така, наводно кажала дека ѝ е жал што ситуацијата е таква, бидејќи со покојниот принц Филип имала посебна врска и дека го обожувала.
„Меган вели дека моментално главна преокупација ѝ е да му биде поддршка на Хари. На него ја оставила одлуката дали ќе оди на погребот или не. Кажа дека ова се моменти кога семејството треба да се држи заедно и кога разликите мора да се остават настрана. Вели дека принцот Филип сигурно би сакал да биде така и дека таа е подготвена да прости и да продолжи напред“ – вели изворот близок до Меган.
Пријателите на сопругата на Хари открија дека Меган наводно размислувала да отпатува со Хари во Лондон, но дека нејзината мајка Дорија наводно инсистирала нејзината ќерка да не патува додека е бремена.
„Дорија инсистираше Меган да остане во Америка. Исто како Хари и таа е заштитнички настроена кон ќеркта и не сака Меган да бдие изложена на било каков ризик, бидејќи стресот сега е последното нешто што ѝ е потребно“ – заврши изворот.