Да напаѓаш некој затоа што работи, е ниско, дури и за вас. Со секој ваша глупост, тонете и тонете.

За напишаните глупости, треба да си тотално неписмен (ништо чудно), да незнаеш да провериш најобична информација и треба да имаш толку ниско мислење за твоето членство, па можеш да му пласираш што сакаш, а они… “слепци” ќе ти веруваат.

Да пишуваш дека некој зема плата за работно место кое НЕ постои уште од август е страшно понижувачки за тие што целите да ви веруваат и ви ја дадоја поддршката. Но, ништо чудно, ги понижувавте додека бевте на власт, а сега уште ги правите и глупави. Ваша обврска е да критикувате како оправдување за малкуте ваши следбеници, но најдете нешто вистинито, но знаете дека нема ниту една дамка особено во моето работење и работењето на мојата сестра.

Мило ми е што ја немате поддршката од членството. И да, во вашите редови има коректни луѓе, се срамат од вас. Добиваме извинувања од нив, се оградуваат од ова, знаат дека лажете, се чувствуваат понижени. Или да ги цитирам “срамота, остај ги не са нормални”. Докажавте дека во државата право да работат имаат само Вмр-овците, а останатите треба да си седат дома или да си заминат од државата.

Ќе излезат деновиве и имињата на вашите најблиски, удобно сместени во државни иституции со години наназад, сопруги, сестри, зетови, синови, ќерки…седат во удобни фотељи за огромни плати.

И за крај… Полни сте со отров и злоба. Велигденски пости се, размислете што пишувате, знаете дека не смеете да лажете..

 

Пишува: Јана Велковска