Латас кон припадници на сообраќајна полиција: Кога ќе се вратиме ќе ве нема !

3709

Синоќа на влезот на Скопје поранешната прва перјаница на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Павловиќ Латас бил стопиран од сообраќајна полиција поради преголема брзина, при што му е одземена возачката дозвола.

Имено, Латас со возило ВМВ џип, на место каде што според сообраќаен знак било дозволено 70, според мерниот уред радар тој возел со брзина од над 120 км на час.

Поради тоа на “началникот” му е изречена парична казна и возачката дозвола ќе му биде одземена на три месеци.

Покрај тоа Латас се однесувал недолично и кон полициските службеници на кои им се заканил со зборовите “Кога ќе се вратиме ќе ве нема” и други навредливи зборови.