Пет недели откако повторно стана претседател на Барселона, Жоан Лапорта конечно подготви нов договор за Лионел Меси..
Шпанските медиуми информираат дека новиот договор ќе биде финансиски послаб од оној што Меси го имаше претходно во Барса и дефинитивно помал од она што му го нудат другите клубови. но планот е истиот да расте со подобрување на состојбата во клубот.
Новиот договор треба да содржи клаузула дека на Меси ќе му биде загарантирана функцијата амбасадор на клубот во моментот кога ќе ја заврши кариерата..
А од друга страна Лапорта се надева дека идејата за ангажирање на Ерлинг Халанд ќе го убеди аргентинскиот ас да се согласи на продолжување на соработката.
Од друга страна, „Мундо Депортиво“ се повикува на свои извори блиски до играчот, кои посочуваат дека Меси досега не добил официјална понуда за продолжување на договорот и дека за неговата иднина ќе се знае повеќе само кога ќе пристигне на неговата адреса.
Аргентинецот е најдобриот фудбалер во историјата на Барселона и за клубот одигра 770 натпревари, постигна 663 голови и запиша 291 асистенција.