Ловната федерација прослави 75 години од своето постоење

26

Денес,со гордост и достоинство,доследни на нашите предци-ловци,кои на 18 април 1946 година ставиле темел на Македонското ловство,славиме 75 години организиран лов!

Од тогаш ,па се до денес,желбата на ловците секогаш била подем на ловството. Покрај сите проблеми со кои денес се соочуваме,нема да ја исполниме желбата на поединци за слаба Ловечка Федерација,туку напротив,имаме силен мотив,желба,искуство,знаење и капацитети,заеднички да се бориме,за силна Ловечка Федерација,која ќе се бори за интересите на ловците! Патот е тежок,целта е голема и света! ЛФМ е наша гордост,мајка на ловството,која не обединува сите и не прави по силни и по успешни во остварувањето на нашите цели!, стои во соопштението на ловната федерација на Македонија.

И понатаму главна цел на ЛФМ ќе биде негување на ловечката традиција,култура и обичаи. Наша основна цел ќе биде заштита на природата ,природните ресурси и заштита на дивечот,што е услов за богати ловишта! Нашата соработка со Државните органи ќе продолжи и понатаму на високо ниво,како и соработка на Меѓународен план со Светската организација CIC и со сите ловечки Сојузи и Асоцијации. Нашата борба со Криволовците ќе биде безкомпромисна! За кратко време издејствувавме нов ,,Закон за дивечот и ловството” кој е во постапка за донесување,а отпочнуваме и со измени и дополнување на ,,Законот за оружје”. ЛФМ е лидер на проектот Mammalnet.Mk,а очекуваме и нови проекти. Започнуваме со евиденција на сите ловечки трофеи и во месец Октомври ќе имаме прва изложба после 40 години.

Овој Јубилеј е силен мотив за сите наши цели и затоа го испишуваме со златни бројки во историјата на Македонското ловство. По повод овој Јубилеј,ќе биде изработена Монографија 75 години ЛФМ.Во името на Ловечката Федерација на Македонија,на сите ловци им го честитаме овој значаен Јубилеј,а од денес па натаму 18-ти април ќе го славиме како ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО ЛОВСТВО! Среќен роденден Федерацијо наша!

Добар поглед и мирна рака!