Општина Ресен, постави заштитни столбчиња на тротоарските површини

4

Со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците, но и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општина Ресен, постави заштитни столбчиња на тротоарските површини кај основното општинско училиште „Мите Богоевски“, во должина на улицата „29-ти Ноември“.

Акцијата за поставување на столбчиња ќе продолжи и во идниот период на повеќе локации во централното градско подрачје.

Со ова креираме позитивни навики и го подобруваме урбаниот изглед на градот.