Русија натрупала над 150 илјади војници, што е најголемиот број забележан на украинските граници и постои можност да се случи некаков инцидент, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел.
„Ситуацијата е загрижувачка, не можеме да исклучиме дека ќе се случи инцидент“, кажа Борел на конференција за новинарите по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ.
Борел ја пофали Украина за воздржаноста и побара од Русија итно да почне со попуштање на тензиите.
Шефот на дипломатијата на ЕУ изрази загриженост и за здравствената состојба на рускиот опозиционерски политичар Алексеј Навални.
Меѓутоа, Европската унија не подготвува никакви нови санкции против Русија поради трупањето на војска на украинската граница и поради навални.
„За сега не се работи на тоа. Нештата може да се сменат, но сега е таква ситуацијата“, кажа Борел.