Две индивидуални остварувања и два дуели кои завршија по продолжение ја одбележаа синоќешната богата понуда во НБА лигата.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт до победа над Филаделфија на гости со 107-96. Кари средбата ја заврши со 49 поени од кои дури 10 тројки, што е четврто вакво остварување за него во низа, а вкупно 21-во во кариерата. Воедно тој е и највозрасниот играч кој на дури 11 средби во низа реализирал над 30 поени по натпревар.
Србинот, Никола Јокиќ со даб-даб од 47 поени, 15 скокови, на кои придодаде и 8 асистенции, беше најзаслужен за победата на Денвер против Мемфис и тоа по продолжение со 139-137.
Дополнителни пет минути се играа и на средбата Милвоки – Феникс која ја добија гостите со 127:128 по што „Санси“ се вратија на втората позиција на табелата на западод, зад лидерот Јута екипа кој на гостувањето кај ЛА Лејкерс славеше со 111-97.
На останатите натпревари:
Детроит – Кливленд 109:105
Бостон – Чикаго 96:102
Индијана – Сан Антонио 94:109
Мајами – Хјустон 113:91
Вашингтон – Оклахома 119:107