По куса потрага полиција го пронајде лицето кое утрово ѝ избега на затворската полиција додека бил спроведуван во Кривичниот суд. Со лисици на рацете тој бил пронајден во околината на Кривичниот суд, потврдија за МКД.мк од Министерството за правда.
Лицето кое утрово успеа со лисици на рацете да им избега на затворските полицајци кои требаше да го спроведат во Кривичниот суд, полицајци испратени од МВР успеале да го пронајдат во близината на Суот, потврдија од Министерството за правда за МКД.
Лицето не успеа да стигне далеку и е пронајдено сокриено на една локација во близината на Судот со лисиците на рацете, изјавија од Министерството за правда.
Инаку, бегалецот беше донесен утрово од притвор, а е осомничен за криумчарење на мигранти. Сега, покрај за делото кое му беше ставено на товар, кривично ќе се гони и за делото обид за бегство. Воедно, ќе се испитуваат и околностите под кои се случи бегството и евентуалната одговорност.