Приведен инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, примил поткуп!

255

Приведен инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, под сомнение дека примил поткуп, пренесува Фронтлајн.

Попладнево, полицијата приведе инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, во Кичево. Инспекторот е осомничен за примање поткуп за да не изврши контрола на плац за продажба на делови од хаварисани возила, дознаваме од извори во истрагата.

Наводно поткупот бил 200 евра, пари кои претходно биле обработени од полицијата. Од МВР потврдуваат дека попладнево имало апсење, но повеќе детали најавуваат по завршувањето на акцијата.