Преку отворено писмо Заедницата на Македонците во Хрватска порача дека е против каква било промена на името на македонската држава и промена на идентитетот на македонската нација.

„Македонската дијаспора во Хрватска цврсто и одлучно порачува дека е со Македонија, Македонците и сите нејзини граѓани и ги повикува државните институции на Република Македонија да не отстапат пред политичките притисоци и никако да не се согласат со ниту едно друго име, освен уставното на македонската држава – Република Македонија“, стои во отвореното писмо адресирано до јавноста и политичките институции во земјата.